„По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 јули, 2019 16:20

1ТВ вечерва повторно СТАРТУВА И ГИ ПАЛИ КАМЕРИТЕ: УРЕДНИК – САШО ОРДАНОВСКИ!

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

После седумдневна пауза 1ТВ вечерва во 20 часот, повторно ќе се врати со информативно издание, соопштија на нивната веб-страница.

Како што пишува на веб страницата од 1ТВ, по куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби ќе продолжи со вести и информативни содржини.

„По куса пауза, информативната редакција на 1ТВ во согласност со зацртаните програмски определби продолжува со вести и информативни содржини. Уредници на Централниот дневник на 1ТВ вечерва во 20 часот се Александар Петрески и Сашо Орданоски. Во предвидениот термин, покрај иформациите од земјава и светот, гледачите ќе имаат можност да проследат и дебата на тема: Дали власта ќе победи во битката со лажните вести? Гости на Орданоски се поранешниот претседателски кандидат Насер Селмани и Марина Туева од Советот за етика“, информираат од телевизијата.

Пред околу една недела од телевизијата соопштија дека најголемиот удар кој новинарството може да го доживее, е згаснување на еден медиум.

Згаснување на јавен простор, за што веруваме дека никому не оди во прилог, особено не на државата која е пред портите на НАТО и ЕУ, односно највисокото ниво на демократски вредности.

Денеска, исправени пред предизвикот на овие тешки две недели за телевизијата, соочени сме дури и во вакви услови да не отстапиме од објективно и професионално известување. Тимот на 1ТВ ги почитува сите новинарски стандарди и известува непристрасно. Гледачите беа сведоци дека 1ТВ ги изнесе сите информации во јавноста, дури и во услови кога иднината на телевизијата е загрозена. Сепак, случувањата поврзани со Бојан Јовановски, влијаат и на медиумот, пишуваше во соопштението на 1ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести