Според податоците на АВМУ на сметката на 1 ТВ лани легнале 637 илјади евра, премалку за функционирање на една телевизија.

Објавил: Валерија Петрова | 20 јули, 2019 11:13

1 ТВ СПОРЕД АВМУ Е НАЈСЛАБА ТЕЛЕВИЗИЈА: Сметката индиректно открива дека Боки 13 стои позади рекетот

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и телевизијата 1ТВ се уште топ тема во македонската јавност, секојдневно се појавуваат нови сознанија и нови скандали.

Според податоците на АВМУ на сметката на 1 ТВ лани легнале 637 илјади евра, премалку за функционирање на една телевизија.

Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, најслабата телевизија.

Со оглед на продукцијата на 1ТВ, на бројноста на екипата, не искусниот уреднички дел од информативната програма, повеќе од очигледно е дека со тие 600 илјади евра едноставно не било можно да опстане една телевизија. Што според податоците на АВМУ индиректно покажува дека менаџертот користел КЕШ кој го добивал од одредени компании.

Според членот 15 од Законот за медиуми, радиодифузерите се должни најдоцна до 31 март во тековната година да ги достават во Агенцијата податоците за работењето во претходната година.

За потсетување, Бојан Јовановски беше приведен на 15 јули на граничниот премин Богородица па подоцна од судот по експресен пат доби 30 дневен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вучиќ објави за кривичната пријава против себе, велејќи дека ќе биде поднесена од потпретседателот на неговата партија (СНС), со цел да се открие вистината за „Јовањица“ со покренување истражен процес пред полицијата и обвинителството, на која заедно со органски зеленчук одгледувана е и марихуана.

Кривична пријава за Вучиќ за скандалот со плантажа за марихуана

Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска...

Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

Како ЛИЛЕ СТЕФАНОВА стана МЕТА на Орце Камчев?

Инфомакс прашува зошто обвинителката Лиле Стефановска стана мета на бизнисетнот Орце...

Премиерот з амедиумите истакна дека оваа власт покрај инвестирањето во нови градинки, исто така се вложува и во луѓето кои ги обликуваат идните генерации.

Премиерот Заев отвори градинка во родното Муртино

Премиерот Зоран заев вчера отвори градинка во родното Муртино. Тој истакна дека за...