
Свет
Вести
Aеро Клуб-Штип на спортскиот аеродром „Сушево“ одбележа сто години од своето постоење.
Претседателот на Аеро клубот-Штип, Митко Петешев истакна дека успесите се многубројни, со освоени над 500 пехари, а клубот има и светски и европски прваци. Посочи дека се уште опстојуваат моделарство, падобранство, едриличарство и моторни пилоти.
„Успесите на Аеро Клуб Штип се огромни, не можат да се набројат, светски и европски прваци во рекетно моделарство во сите гранки, бидеіќи во склоп на клубот работи школата за моделарство, падобранство за едриличарство и за моторни пилоти. Тоа се четири гранки, затоа не можеме да ги издвоиме сите резултати“, изіави Петешев.
Тој упати апел до државните институции, Аеро клубовите во земјава повторно да се вратат под ингенеренции на Министерството за образование, бидејќи сега се остваени самите да се сноаѓаат и опстојуваат. Еден од најстарите членови во клубот е Андон Караколев, кој има околу 130 падобрански скокови, а исто така се уште е активен во едриличарство, но и во моторно летанье.
„Но, љубовта кон синилото, кога ќе влезе во тебе не те остава никогаш. Се додека можеш да се движиш, секогаш си овде врзан како папок. Младоста ја поминавме овде, па и староста“, рече Караколев.
Петешев истакна дека кај младите најголем интерес има за пилоти. Но, сите кои ќе се стеканати со лиценци, какошто вели егзистенцијата си ја бараат надвор од државата. Признанија и плакети беа доделени на членови, институции, а настанот беше организиран од страна на Општина Штип.
Во чест на големиот јубилеј 100 години од постоењето. Иако учествуваа триесетина едриличари од Македонија, Србија и Бугарија, средбата имаше повеќе ревијален карактер за да се упатат пораки до ресорните министерства и државата за поголемо внимание и финансиска поддршка на аероклубовите кои, како што велат, опстојуваат благодарение на ентузијазмот на мал број луѓе кои како инструктори волонтерски ги обучуваат за пилоти и едриличари младите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.