Иако пожарите во Австралија се вообичаени во текот на жешкото лето, кое почнува во декември, тие оваа сезона се појавија порано поради високите температури и силните ветрови, но и од намерно палење.

Објавил: Валерија Петрова | 7 декември, 2019 10:01

100 ПОЖАРИ ГОРАТ ВО АВСТРАЛИЈА: Сиднеј во чад и пепел, борбата со ОГНОТ може да трае неколку недели!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Гасењето на огромните пожари кои се проширија околу Сиднеј можат да потраат и неколку недели, соопштиле австралијските власти, наведувајќи дека целиот регион се бори со над 100 пожари.

Иако пожарите во Австралија се вообичаени во текот на жешкото лето, кое почнува во декември, тие оваа сезона се појавија порано поради високите температури и силните ветрови, но и од намерно палење.

Во најновиот пожар северно од Сиднеј, горат 335.000 хектари поради што најаголемиот австралијански град е прекриен со пепел и чад.

– Оваа борба со стихијата би можела да трае неколку недели, и тоа доколку имаме дожд, соопштила пожарникарната служба од Јужен Велс, а пренесува Ројтерс.

Во пожарите настрадаа четири лица и уништени се повеќе од 680 домови ширум источна Австралија.

Околу 2.000 пожарникари се распоредени во борбата со 96 пожари ширум државата, од кои само половина се под контрола.

Пожарникарната слуѓба предупредила дека се очекуваат уште големи пожари бидејќи сезоната само што почнала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Свет

12 лица биле повредени при потресот, а засега 45 лица се хоспитализирани. Ова се првични бројки кои беа соопштени од управата за катастрофи и вонредни состојби на Турција.

Катастрофален земјотрес ја погоди Турција: Урнати згради, загинаа 14 лица, 300 повредени

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихеторовата скала ја погоди источна Турицја,...

Во меѓувреме, бројот на случаи и смртни случаи се зголемува. Стапката на смртност од 4 проценти е значително помала отколку кај САРС (околу 11%), но е значително поголема отколку за сезонски грип А (околу 0,1%).

Научник пред три месеци предвиде дека ќе се појави нов вирус: На светот црно му се пишува(ВИДЕО)

Бидејќи новиот коронавирус се шири низ Кина и светот, луѓето се прашуваат колку е навистина...

„Имав температура неколку пати од 28 декември до 2 јануари. Бев во карантин“, започна Хуанг.

Ова е првиот пациент кој го преживеа смртоносниот вирус: Бев во карантин и преживеав на овој начин(ВИДЕО)

Првиот пациент кој се опорави од новиот коронавирус, 23-годишниот Хуанг, откри како...

Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот претседател Павлопулос итно пренесен во болница

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија...