Во оваа прилика и го честитав големиот успех и ја информирав дека Град Скопје ќе и додели награда во износ од 100.000 денари!

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2021 21:43

100.000 ДЕНАРИ НАГРАДА ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА АТЛЕТСКАТА РЕКОРДЕРКА ДРИТА ИСЉАМИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

100.000 ДЕНАРИ НАГРАДА ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА АТЛЕТСКАТА РЕКОРДЕРКА ДРИТА ИСЉАМИ

На мое големо задоволство денеска се сретнав со македонската атлетичарка, Дрита Исљами, која по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Исљами на првиот ден од Европското екипно првенство во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57.53 секунди и го освои првото место.

Во оваа прилика и го честитав големиот успех и ја информирав дека Град Скопје ќе и додели награда во износ од 100.000 денари.

Со Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка неколку години наназад на Атлетскиот клуб Работнички од Скопје, во чии редови последниве години е постојан член наградената наша најдобра атлетичарка на кратки патеки Дрита Исљами, која достојно го презентираше градот Скопје и нашата држава, постигнувајќи го најголемиот успех во македонската атлетика, поставувајќи нов македонски рекорд во атлетската дисциплина спринт на 400 метри со пречки со време 57,53 секунди, со што е највреден резултат во последните 20 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Триесет милиони евра, пари обезбедени од Европската Унија, ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Македонија во следните 7 години.

За прекугранична соработка Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен премин „Клепало“ помеѓу...

Вкупната излезност на гласачите на изборите за Државната дума на Русија вчера до 20 часот по московско време изнесува 16,85 проценти, објави руската Централна изборна комисија.

Втор ден од изборите во Русија, вчерашната излезност 16,85 отсто

Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал електронски на руските парламентарни...

Идејата за ковид-сертификат првично беше поврзана со патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува на места како музеи, спортски сали и внатрешноста на рестораните!

Италија вчера воведе една од најстрогите мерки во светот

Италијанската Влада вчера донесе една од најстрогите анти-ковид мерки во светот, со...

Од своја страна, Рама, кој во континуитет ја критикува ЕУ и состојбата на двете земји ја споредува со драмата „Чекајќи го Годо“, оцени дека „ние сме заложници на национализмот внатре во ЕУ“.

МЕРКЕЛ СО ПОРАКА ОД ТИРАНА: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ГИ ИСПОЛНИЈА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот...