Премиерот Заев со извинувањето до бугарскиот народ дека Илинденското востание не е Македонско само го "одбележа" кобниот ден во историјата на Македонија и Македонците

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 15:30

105 години од најголемата трагедија на Македонскиот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден пред точно 105 години се случи најголемата трагедија на македонскиот народ. На 10 август 1913 година беше потпишан мировниот договор во Букурешт како последица од Балканските војни со кој всушност се изврши трајна поделба на македонскиот народ помеѓу четирите балкански држави [ Грција – Србија – Бугарија и новоформираната Албанија ].

Од овој ден до денеска македонскиот народ успеа да дојде до своја татковина само во делот што беше окупиран од Србија и тоа благодарение на антифашистичката борба во Втората светска војна.

Територијата на Македонија во рамките на Отоманската империја до Балканските војни го претставувала централниот дел на Балканскиот Полуостров.

Таа се граничела на север со Шар Планина – Скопска Црна Гора – Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб – Јабланица – Грамос и Пинд на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници Македонија зафаќала површина од 67.742 км2.

Карта на која е прикажана Македонија во нејзините вистински територијални граници кои ги користеле и Османлиите.

Со Букурешкиот мировен договор Македонија била поделена на тој начин:

Егејскиот дел со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција

Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го окупирала Србија

Пиринскиот дел со 6.798 км2 ја окупирала Бугарија и

Јужниот брег од Охридското езеро Мала Преспа со 1.115 км2 и биле доделени на Албанија.

Со распарчувањето во Букурешт Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.

Веднаш потоа започнало асимилирање на македонското население во Јужни Срби – Бугари – Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало иако војната главно се водела во Македонија.

Според извештаите Србија загубила 44.500 луѓе – Црна Гора 1.400 – Грција 20.000 а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.

Карта на која се гледа постигнатиот договор во Лондон за држава Македонија во помал размер за потоа во Букурешт и целосно да биде избришано постоењето на Македонија и Македонците.

На 10 август 1913 година најцрниот ден за македонскиот народ е извршена трајна поделба на Македонија.

Но македонската голгота не заврши тогаш. Откако успеаја да го пребродат меѓувоениот период за време на Втората светска војна дојде до мала исправка на оваа историска неправда откако со антифашистичката војна и АСНОМ македонскиот народ успеа да се избори за своја држава во рамките на југословенската федерација.

Сепак и по осамостојувањето не завршија проблемите за Македонија која се уште е оспорувана од своите соседи па така и покрај договорот за добрососедство со Бугарија оваа држава и денес ја оспорува нашата историја.

Србија ја оспорува нашата црква додека Грција го оспорува и ни го присвојува нашето име.

Всушност доколку се реализира договорот со Грција со прифаќањето на името Република Северна Македонија за севкупна употреба како и со членовите 6 – 7 и 8 кои директно задираат во Македонскиот идентитет и се намалуваат нашите слободи Македонија ќе мора да ја прифати грчката верзија на историјата. Впрочем Договорите со Бугарија и Грција се повторување на историјата 105 години по неуспехот ние им се поклонуваме на оние кои не поделија и се обидоа да не избришат од постоењето.

Тоа би значело дека Македонија како државотворна творба е измислица на Југославија и реално држава и народ кој постои од 1991 година притоа негирајки се претходно низ историјата притоа додавајќи и дека е територија на која живеат граѓани на Бугарија по догмата “две држави – еден народ”.

Македонските власти веќе започнаа со негирање на сопствениот народ т.е. етничките заедници во соседните земји со членовите од Договорите со кои тврдат дека во Бугарија но и Грција нема македонско етничко малцинство додека се потврдува постоењето на бугарско и грчко во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Ако Германците им се извинија на Пољаците и Евреите за злосторствата во Втората Светска Војна, зошто Бугарија да не им се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна? Тоа е големина и величина!

ТОДОР ПЕТРОВ: „Фашистичка Бугарија да се извини на Македонците за злосторствата во Балканските војни„

Фашистичка Бугарија мора да се извини за сите општествени неправди кон Македонците...

Марјан Димитриевски вели дека Ванчо Михајов не можеше и не сакаше да формира голема Македонија.

ВАСКО ЕФТОВ ЈА ОТКРИВА ВИСТИНАТА: Бугарите окупатори, фашисти или ослободители(ВИДЕО)

Васко Ефтов во емисијата „Во Центар„ што се емитуваше на Канал 5, зборуваше за најголемите...

Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот оркестар ќе ја интонира државната химна. Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој ќе има пригодно обраќање. Дел од делегацијата се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерите за образование и наука ,Арбер Адеми ми за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и пратеници

Се слави денот на народното востание- свечености во Прилеп, Куманово и Скопје

Денеска навршуваат седумдесет и осум години од почетокот на антифашистичкото востание...