Сомнежи за сторени кривично дело во пензискиот фонд

Објавил: Узунов Бобан | 27 јануари, 2019 16:30

12.000 идни пензионери оштетени-секој по 6.700 евра

Фото/Текст извор: ©telma.com.mk/магазин

Џебот на 12 илјади идни пензионери е олеснет за 6700 евра во последната деценија. Мнозинството од оштетените моментално се на 40 годишна возраст. Луѓето десет години не знаеле дека нивната каса не се полни со пари за пензија. Работодавачите ги уплаќале парите и тие оделе во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Таму манипулирале со средствата и наместо да ги распределат во касата на граѓаните – ги користеле за исплата на пензии.

Придонесите воопшто не биле префрлани кон вториот столб, иако од работодавачот придонесот бил уплаќан. Финансиските средства останувале во пензискиот систем, но во првиот столб. Секој од овие граѓани со една просечна плата, помеѓу 2007 и 2018 година изгубиле околу 400 илјади денари вкупно, рече Царовска.

Надлежните откриле дека 12 илјади граѓани се оштетени откако направиле анализа на пензискиот систем. Темелно чешлање на тој сегмент од социјалата не било направено уште од 2008 година. За манипулацијата со парите ќе дознаат и во Основното јавно обвинителство. Од Министерството за труд и социјална политика утре ќе достават пакети со документи во зградата на ОЈО на кејот на Вардар. Оттаму ќе истражуваат каде заглавиле парите.

Она што е важно е дека ние како Министерство за труд и социјална политика не сме истражен орган, но целиот пакет на документи и материјали до коишто дојдовме, истражувајќи заедно со меѓународните финансиски институции, ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство, а тоа ќе треба да покаже зошто во тој даден период одредени финансиски средства не биле распоредувани и каде тие завршувале, вели министерката.
Граѓаните ќе бидат обесштетени, вети министерката Царовска. Секој ќе ги добиe парите кои му фалат на сметка. За таа намена се одвоени 19 милиони евра од буџетот.

Овие граѓани во наредниот период ќе добијат писма од пензиските друштва и од МАПАС дека се распоредени и дека имаат индивидуална сметка. Со тоа обезбедуваме овие граѓани да имаат целосна пензија кога ќе дојде време за пензионирање, порача Царовска.
Оштетените граѓани биле вработени и во приватниот, но и во јавниот сектор. За најголемиот дел од нив, нивното прво вработување било токму тогаш кога парите наменети за нивната пензиска каса заглавиле во системот. Најголемото задржување на пари од страна на ПИОМ, било во 2009 и 2010 година, кога директор на ПИОМ беше Исни Јакупи, а моментално во директорската фотелја на Фондот е Шаип Зенељи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.