Бебе се бори за живот: Два смртни случаи, над 200 заразени со морбили

Објавил: Сања Кукиќ | 10 февруари, 2019 17:03

13 месечно бебе втора жртва од морбили

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Морбилите ја зедоа и втората жртва. На клиниката за детски болести вчера вечерта починало 13 месечно бебе од Свети Николе, како последица на компликации од морбили.

 Бебето имало и претходно заболување, хронична пнеумопатија, заради што примало кортико терапија, која, како што велат лекарите, дополнително го намалила неговиот имунитет, а вирусот на морбили дополнително ја влошил цената ситуација. Откако три дена се лекувало од морбили, од 6 до 8 месецов на Клиниката за инфективни болести, во тешка состојба било префрлено на детска клиника.

„Со клиничка слика на морбили беше примено на инфективна, по три дена паѓање на температурата, дететот во тешка состојба е префрлено на натамошен третман во нашата клиника. За жал со прогресивно влошување на состојбата, масивна пнеумонија, не успеа да ја добие битката со морбилите“, вели Катерина Ставриќ, директор на клиника за детски болести.

13 месечното бебе заразата ја префатило од неговиот татко, кој од морбили се разболел пред околу две до три недели.

На клиниката за детски болести уште едно бебе, 5 месечно доенче, е во тешка состојба. И тоа имало претходни белодробни проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Денес брзо се прошиси веста дека министерот Филипче поднел оставка од морални причини заради епидемијата на морбили

Филипче: за епидемијата на морбили криви се претходните, а тоа беа Никола Тодоров и Бујар Османи!?

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ја демантира веста дека...

Уште колку заболени и жртви треба да се случат за да се прогласи епидемија на ниво на цела држава?

Епидемија од морбили, Филипче му понудил оставка на Заев, заради големиот број на жртви

После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот...