
Македонија
Вести
Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.
Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година. До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.
На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.
ГЕРБ победи, но е далеку до 121 пратеник за формирање влада во Бугарија
Софиските медиуми, пак, пишуваа дека само 62 бугарски државјани гласале на изборите од земјата во која сакат да влезат во Уставот.
Бугарија никако да излезе од политичката нестабилност откако протестите против корупција помогнаа да падне владата на Борисов во 2020 и земјата оттогаш ја водеа краткотрајни влади.
„Ќе работиме на тоа да формираме влада. Сакаме да работиме со сите партии освен со Преродба“, изјави Борисов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.