Вината се уште ја утврдува судот, се уште е отворена истрагата за оваа страшана несреќа.

Објавил: Весна Петровска | 6 ноември, 2019 9:19

13. ФЕВРУАРИ – НАЈГОЛЕМАТА КАТАСТРОФА ВО МАКЕДОНИЈА – автобуската несреќа кај Ласкарци остави голема лузна кај граѓаните

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

13. февруари 2019 година е запишан како црн ден во Македонија по страшната автобуска несреќа во селото Ласкарцин во која загинаа 16 лица, а 37 беа повредени.

Веста за страшната сообраќајна несреќа одекна со брзина на светлината во сите македонски медиуми и го шокираше целиот македонски народ.

Екипите на Брза помош излегоа веднаш на терен, а по нив и пожарникарите. Неколку часа целиот лекарски тим се бореше за да ги спаси повредените од потиснатиот автобус,меѓу повредените имаше и мажи и жени, за жал за 37 лица ова беше кобниот ден.

На местото на несреќата имаше и жители на селото Ласкарци кои веднаш почнале да помагаат онолку колку што можат, но и да ги пренесуваат тешко повредените во најблсиките болници.

Вината се уште ја утврдува судот, се уште е отворена истрагата за оваа страшана несреќа.

На 14 февруари пак во Гостивар се оддржала комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствувале претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев,[9] и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

Како се движел автобусот на Дурмо турс, што му претходело на превртувањето, како реагирал возачот, очевидци кои возеле зад автобусот пред кобната несреќа, но и дел од патниците со полесни повреди се првите кои во скопското обвинителство ќе раскажат што виделе и што преживеале на 13-ти февруари. Деновиве ќе биде сослушан и возачот кој при првичните искази за полицијата и обвлинителот не дал релевантни податоци.

Обвинителите чекаат Дурмо турс да ја испратил документацијата поврзана со дозволите, одржувањето на возилата, бројот на патници и продадени карти. Клучно за истрагата ќе биде и вештачењето на машинските и сообраќајните ексеперти. Тие ќе треба да ги дадат одговорите за тоа како се случила сообраќајката, дали возилото било исправно, но и дали брзината била околу 80 км на час колку што покажувал тахографот.

За поголема координација и побрзо прибирање на доказите во скопското обвинителство денеска имало состанок на претставници од обвинителството, МВР, Судска медицина, Биро за судски вештачења, Машински факултет.

Од осигурителната компанија ги повика повредените и семејствата на настраданите да дојдат во Еуросиг и да направат барање. Во рок од 3 дена ќе им бидат исплатени 4.500 евра за починато лице, 2.200 за повреден патник, и до 9.000 евра за траен инвалидитет. Оттаму порачаа институциите што поскоро да ја расветлат сообраќајката и да утврдат вина, за да може да се активира и втората полиса за осигурување кон трето лице со која сите патници ќе можат да поделат сума од 675 илајди евра.

Има подзаконски акти кои не се оапфатени во законот, и тие пресметки ќе се прават со тие интерни акти, кој колку треба да добие според штетата којашто ја претрпел лично, или семејството. Овој случај ќе се третира групно, и надоместувањето ќе биде откако ќе се утврди вина од институциите, но сумата ќе биде лимитирана на 675.000 евра, вели сопственикот на Еуросиг Кадри Моринај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.