Јовановски попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Објавил: Македонка Димкин | 16 јули, 2019 1:03

13 ка до Рускова: Зборувате лаги, сакајќи да каже невин сум

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Додека обвинителката Вилма Русковска даваше изјава пред судот, по завршувањето на рочиштето, од зградата во придружба на полицијата беше изнесен Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој доби 30-дневен притвор.

Тој поминувајќи и погледувајќи кон обвинителката рече „зборувате лаги“.

Русковска беше запрашана од новинарите, дали коментарот на Јовановски се однесува на неа, по што рече „Па не знам. Во моментот и вашата колешка зборуваше, може на неа се однесува“.

Јовановски попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Тој е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Претходно судот му одреди 30 дена притвор и на Милевски.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него.

Од бизнисменот биле барани осум милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.