Трагедија

Објавил: Калина Мартинска | 13 мај, 2024 16:21

14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

14 годишно момче од Битола ненадејно починало во атарот на селото Крстоар, близу Битола.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Ненадејната смрт ја вознемири битолската јавност.

Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство, соопшти битолската полиција.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја. Веднаш била повика итна медицинска помош.

По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести