Столчето во судскиот совет примамливо и за судската фела но политичарите, како судскиот совет има ингеренции да бира, разрешува, и да ја оценува работата на судиите во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 11:32

14 судии се кандидирале за членови на Судски совет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Една третина од Судскиот совет се менува во декември, за чие што место веќе се кандидирале три пати повеќе судии.

На 5-мина членови избрани од редот на судиите им истекува мандатот во декември. Денеска е последен ден од огласот за пријавување и до утринава се пријавиле 14 кандидати за членови на највисокото судско тело кое бира, разрешува судии, ја оценува работата на судиите.

Но, ќе се чека уште неколку дена за да пристигнат и кандидатурите испратени преку пошта. За сега се знае дека за член во Судскиот совет од редот на врховните судии се пријавиле екс претседателката на врховен Лидија Недeлкова и судијата Киро Здравев.

За член од редот на судиите од скопското апелационо подрачје досега се пријавила само судијката од Кривичниот суд Гордана Спиревска позната по одлуката, бизнисменот Кочан да оди во притвор, за подрaчјето на гостиварска апелација 2 и судиите Рафиз Идризи и Зоран Теофиловски. Од член од штипското апелационо подрачје има најмногу 5 кандидати меѓу кои и претседателот на штипскиот основен суд Емил Пилатов како и судиите Ацо Тасев, Славчо Тасев, Данка Ристова и Лорета Ѓоргиева.

Според информации од редот на судиите од немнозинските заедници, 4 кандидати судиите Кеназија Мемети од скопска апелација, Насер Хаџи Ахметагиќ и Сулејман Мемети од кривичниот суд и Мирсад Суроји од кумановскиот основен суд.

Новите 5 нови членови ќе ги бираат на избори самите судии.

Судскиот совет со години наназад е критикуван во меѓународни и домашни извештаи за политичко влијание и мешање при изборот на судиите.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во посебен извештај повикувајки се на бомбите потенцираше и дека поранешната претседателка на судскиот совет Александра Зафировска ширум ја отворила вратата за политичко влијание, а тогашниот премиер имал клучна улога во изборот на судиите.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сите добри луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат хуманоста. Овој пат, за лекување на 15 годишната Сара од Охрид чиј брат е единствен сроден донатор на коскена срцевина

Апел за помош на 15 годишната Сара Настеска

Сара Настеска има потреба од наша помош. За да се спаси животот на 15-годишното девојче...

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот!

Почнува уличната револуција и граѓанска непослушност , оваа влада мора да падне!

Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на...

Ферид Мухиќ го откри планот на Заев, ако има поддршка, за уставните измени ќе се гласа денес, ако нема, ќе се искористи посетата на Палмер за притисок и ќе се гласа во среда

Мухиќ: Ако не се гласа денес, нема мнозинство, Палмер ќе помогне

Пратеникот од СДСМ од редовите на т.н. независни членови во Собранието на Македонија,...

Американската амбасада во Скопје која е и одговорна да информира за вакви пригоди, информира дека тој доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Притисокот од државниот секретаријат на САД појачан на максиум!

Во посета на Македонија веќе како втор висок претставник  ќе биде заменик помошникот...