али новиот сој на вирусот навистина се шири многу побрзо, дали е поопасен и посмртоносен?

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2020 10:50

14 ДЕНА Карантин за тие што ќе се вратат од Велика Британија!

Фото/Текст извор: ©магазин

Комисијата за заразни болести на чело со Др. Караџоски (инаку познат по своите контрадикторни изјави)  утрово ја разгледувала заканата од новиот сој на корона вирусот кој е регистриран во Велика Британија, а се појавил и во Холандија, Данска и Австралија, но според последните податоци и во Италија и Јужна Африка. 

„Утрово имавме состанок. Препорака на Комисијата за заразни болести е сите патници кои доаѓаат од Велика Британија да бидат упатени на задолжителен карантин од 14 дена“, изјави за ДВ министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега не се размислува за суспензија на летовите од, и до островот.

Ако Владата денеска ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести, тогаш во 14 дневен карантин први ќе заминат патниците кои утре напладне ќе пристигнат од Лондон на скопскиот аеродром. До трети јануари во Скопје треба да има уште два лета од Лондон.

Суспендирани летови

VUI-202012/01 (Variant Under Investigation, year 2020, month 12, variant 01) е името што научниците го дадоа на новата мутација на коронавирусот Сарс-КоВ-2, кој од вчера предизвика континуиран бран на затворање на границите во Европа за воздушните врски со Велика Британија. Тој е причината поради која најмалку 16 милиони луѓе во Југоисточна Англија, вклучувајќи го и Лондон, се во карантин.

Во земјава засега нема промена на авио-линиите со Британија и државите каде се регистрирани случаи заболени од новиот сој на коронависурусот.

Неколку европски земји веќе ги откажаа сообраќајните врски со островот со различно време на времетраење на мерката, а други најавуваат исти мерки. Денеска во Брисел се очекува да се одржи состанок на амбасадорите на земјите члени на ЕУ, на кој ќе се разговара за новата ситација и забраните за патнички и транспортен сообраќај, кои веќе предизвикаа хаос на британските аеродроми.

Во соседна Бугарија пак,  забраната за летови важи од полноќ во изминатата ноќ, до 31 јануари 2021 година. Последниот авион од Лондон слетал во Софија три часа пред полноќ, а исклучок по полноќ бил направен за две слетувања во Пловдив и Варна, бидејќи бугарски граѓани веќе биле на аеродромите во Британија и било тешко летовите да се одложат. Претходно Софија одлучи да воведе 10-дневен карантин за сите лица кои од островот влегуваат на територијата на Бугарија и на таа мерка веќе се упатени 667 патници кои до вчера стигнале од Британија.

Умерено сигурни проценки

Дали новиот сој на вирусот навистина се шири многу побрзо, дали е поопасен и посмртоносен? Одговори на овие прашања се уште нема. Како што објавуваат британски медиуми, во документ објавен од владината советодавна група за новопојавени респираторно- вирусни закани (NERVTAG), било констатирано дека „засега нема доволно податоци за да се донесат заклучоци“ за неколку прашања: дали новиот сој на вирусот има механизам за зголемена трансмисија; каква е фреквенцијата на неговата репродукција; како се распределуваат новите случаи по возрасни групи; дали е посмртоносен; дали мутацијата го штити коронавирусот од антитела на човечкиот имунолошки систем; и дали е можна повторна инфекција со новиот сој?

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека според сегашните проценки на епидемиолозите новиот сој на вирусот се шири околу 70% побрзо. Според британски медиуми, проценките на здравствените експерти во ово момент се сметаат се „умерено сигурни“. Повеќе одговори од NERVTAG најавиле за наредните денови, откако ќе соберат подобри податоци за споредби на индивидуалните индикатори, а ќе се проверува и дали тестовите можат да ја детектираат мутацијата.

Ако овој вирус мутирал, како тогаш е можно да делува ВАКЦИНАТА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести