Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите

Објавил: Перо Милчин | 4 февруари, 2019 11:47

147 години од раѓањето на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.

За овој настан, бројни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија и во Штип бил учител во Ново Село.
Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Македонската револуционерна организација. Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата. 

Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите.

Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Тој уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка Султана, притоа покажал завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите.

 Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската Империја.

За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија.

Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание.

Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание.

Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, кој штотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.
Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ е разочаран и стојат на ставот дека биле предадени и „наместени“. Вели дека многу се ветуваше, но не е направено!

21 година од трагичниот настан кај местото Карпалак на патот Скопје

На 8 август 2001 година кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски,...

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИВАНДЕН: Цвеќето има магична моќ!

Денеска се празнува Свети Јован- летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето...

Огромна река народ од десетици илјади ги преплавуваат улиците во протестот против бугаризација на Македонија со предлогот на Европската Унија.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ!

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ – ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ ГО УСВОЈУВА ПОНИЖУВАЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Огромна...

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство.

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците! Во Клубот на пратениците...