Борис Трајковски беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со смрт во авионска несреќа.

Објавил: Перо Милчин | 25 февруари, 2019 11:40

15 години од авионската несреќа на Трајковски -Мистеријата за неговата смрт се уште неразјаснета?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Делегација на Владата предводена од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски.

Борис Трајковски беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа. По тој повод владина делегација на чело со министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот за култура Лазовски отпатуваа во Босна на одбележувањето на 15 годишнината од смртта на претседателот Трајковски. 

Траjковски  беше претседател на Комисијата за надворешно – политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: “Решавање на конфликти” со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода

„Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски.“, известуваат од Владата.

Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. После неговата мистериозна смрт се јавија многу шпекулации во јавноста, дека странски служби се виновни за падот на воениот авион. 

 За сите беше многу чудно, затоа што летот намерно наместо ноќта на 25ти бил презакажан за 26ти утрото, а бил променет и дел од екипажот.

Врските на авионот со контролата на летање биле прекинати, а намерно навигацијата била преземена од воено возило кое кингерот го наведувал на линија со воен авион. 

За несреќата која се случи во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.


И во двата извештаја, кои многу се разликуваат, сепак како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотските грешки и други системски пропусти.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.