Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

ANNONS

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас" во Скопје.

Објавил: admin@magazin | 4 февруари, 2022 5:45

150 години од раѓањето на Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во земјава денеска се одбележуваат 150 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Никола Делчев, таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Никола Делчев водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700).

Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени [10], истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи [2].

Мајката на Гоце, Султана, е родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко.

Мајката на Гоце, Султана, била родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. 

Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома.

Таа со Никола Делчев имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо) [11]. Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари, стар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш.

Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од името Ѓорѓи, а тоа е резултат од широкото распространето словенизирање на старите, од туѓ корен, христијански лични имиња.

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна, Македонија бара од Бугарија коските на Гоце да бидат пренесени во Република Македонија. Предавањето на моштите на Гоце Делчев е одобрено од тогашниот бугарски претседател Георги Димитров, кој по потекло е Македонец од Пиринска Македонија.
Македонците во знак на почит, три дена (7, 8 и 9 Октомври) пешки го носат ковчегот од Софија преку Пиринска Македонија, Струмица, Штип до Скопје. На 10 Октомври Гоце Делчев е погребан во кругот на старата скопска црква Свети Спас.
Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во Скопје – главниот град на единствениот слободен дел на Македонија.

Во политичката терминологија на македонската револуционерна борба, името Гоце станало синоним на храброст и чесност. Затоа и е речено дека: Гоце! Секој Македонец би сакал да ја отвори книгата на тој живот.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас” во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани