На денешен ден 25 Април 2008 година, на 66 годишна возраст почина Доајенот на Македонската Народна Песна Пепи Бафтировски.
Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД. Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да заплови „преку барата“, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.
Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.
Но по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна тешката бoлecт.
Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.
Тој беше пoгpeбан во Чикаго, а неговата поранешна сопруга, пред хуманитарниот концерт со кој ја одбележаа десетгодишнината од cмpтта на Пепи, изјави дека со парите од концертот ќе ги донираат за црквата Свети Кирил и Методиј во Чикаго, нешто што пејачката му го ветила на Пепи пред да ја узгуби битката од тешката болест.
Тој зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат. ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.