
Македонија
Вести
По главната расправа Судот во Струмица ги изрече пресудите за градоначалникот на Ново Село – Боро Стојчев и останатите лица кои на 10-ти јули 2018 година беа фатени како нелегално пренесуваат цигари на локалитетот Попова чука.
Градоначалникот на Ново Село е осуден на затворска казна од година и шест месеци додека неговиот син и внук добија казна затвор од по една година. Од здравствени причини сопругата на Стојчев доби условна казна а лицето кое го чувало теренот од полиција доби казна затвор во траење од осум месеци.
Обвинетите пред Судот го признаа стореното кривично дело иако Основното Јавно обвинителство пред денешното изрекување на одлуката на Судот го измени обвинението со што на сега осудените им се судеше за кривичното дело обид за пренесување непријавена стока а не кривичното дело занимавање со кријумчарење.
Боро Стојчев со неговите најблиски беше фатен два километри пред македонско – бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 35.000 кутии цигари од марката “Калипсо” во висина од 5.5 милиони денари што се околу 90.000 евра.
Стојчев и во 2015 година е осуден со 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.
Жителите на општина Ново Село ако не биде прифатена жалбата на одлуката на Стојчев ќе мора да бира нов градоначалник.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.