Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.

Објавил: Стојче Бушин | 13 август, 2020 18:50

19 ГОДИНИ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на припадниците на албанската етничка заедница.
Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.

Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковскии други.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.

Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор!

Рамковниот договор целосно и безусловно ја отфрла употребата на насилството за остварување на политичките цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.

Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.

Договорот предвидува целосно почитување на принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.

Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.

Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на коишто зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.

Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Ова значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 60 денари по литар гориво.

Од полноќ поскапуваат горивата

РКЕ со својата најнова одлука ќе изврши зголемување на цените на нафтените деривати...

Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и од Општина Центар.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА КОАЛИЦИЈА ПО ПОВОД 76 ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И НА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕТО НА БОРЦИТЕ НА АНТИХИТЛЕРОВАТА...

Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“ Денес е Ден...