Уште во текот на 70-тите години најбогатиот слој на Американците поседувал 7% од националното богатство.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 јуни, 2019 20:21

19 милијардери во САД на чело со СОРОС, бараат најбогатите граѓани во САД екстра да се оданочуваат!

Фото/Текст извор: ©иновативност

Демократката партија во САД сака да го стави се поголемиот јаз меѓу најбогатите 1% од Американците и остатокот од населението во центарот на кампањата за претстојните претседателски избори во 2020 година.

Расправата за потребите и начините на управување со економската нееднаквост во американското општество дополнително ја распламти отвореното писмо на 19 американски милијардери на чело со Џорџ Сорос, кои бараат најбогатиот слој граѓани во САД дополнително да се оданочува.

Освен Сорос, писмото насловено „За претседателските кандидати 2020″ го потпишаа и Лизел и Реган Прицкер, филмската продуцентка Ебигејл Дизни и соосновачот на Facebook, Крис Хјуз.

Потписниците на писмото ја повикуваат администрацијата на подигање на сојузниот данок на имот за одржливо финансирање на нови инвестиции во сектори како обновливи извори на енергија, бесплатни градинки за сите деца, отпишување на студентските кредити, обновување на инфраструктурата и даночно растоварување на домаќинствата со ниски примања.

Џорџ Сорос е унгарско-американски тајкун, инвеститор, филантроп, политички активист и автор. Тој е претседател на Сорос Фонд Менаџмент. Познат е како „Човекот кој ја урна Банката на Англија“ поради неговата кратка продажба на 10 милијарди долари вредни британски фунти, притоа остварувајќи профит од 1 милијарда долари за време на британската валутна криза во 1992 таканаречена „Црна среда“Сорос е еден од 30. најбогати луѓе во светот.

„Америка има морална, етичка и економска одговорност да воведе повисоки даноци за богатите луѓе. Воведувањето такви даноци е во интерес на нашата држава“ наведуваат милијардерите во писмото. Според нивните проценки, оданочувањето на најбогатите Американци во буџетот би донело дополнителни 3 милијарди долари во наредните 10 години.

Аргументираат и дека иницијативата за умерено оданочување на најбогатите има поддршка од голем број граѓани на САД. Имено, 74% од гласачите ја поддржуваат таквата идеја, вклучувајќи и 64% симпатизери на Републиканската партија.

Се поголемиот јаз меѓу најбогатите и остатокот од населението го потврди и неодамнешната студија на централната банка на САД. Во студијата се вели дека во изминатите три децении имотот на најбогатите 1% пораснал за 21 милијарди долари. Од друга страна, имотот на долната половина од населението се намалил за 900 милијарди долари.

Според податоците на Националната канцеларија за економски истражувања, најбогатите 0,1% од Американците држат речиси 20% од имотот во САД, колку што поседуваат и останатите 90% од населението заедно.

Уште во текот на 70-тите години најбогатиот слој на Американците поседувал 7% од националното богатство.

Овие милијардери не се единствени со такво мислење. Првиот човек на банката JP Morgan, Џејми Дајмон и познатиот инвеститор Ворен Бафет јавно предупредија дека економската нееднаквост станува товар за општеството. Во секој случај, ова писмо на 19-те милијардери се базира на неодамна објавената идеја на демократската сенаторка од Масачусетс, Елизабет Ворен.

Таа предложи на имот вреден 50 милиони долари, – хартии од вредност, јахти, автомобили и уметност – да се воведе данок со стапка од 2%. Со дополнителни 1% би се оданочувал имотот кој е повреден од 1 милијарда долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.