
Македонија
Вести
2 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија!
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2022 година (недела), Денот на трудот, односно 2 Мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји.
И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник.
Притоа, до 2006 година, тој се празнувал 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.
Во Македонија, празникот вообичаено не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.