Македонските граѓани кои во Србија ја примија првата доза од Астра Зенека можеби ќе треба да се ревакцинираат со друг производител. Се ќе зависи од Европската агенција за лекови и нивниот став, дали да продолжи вакцинирањето со Астра Зенека кај помлади од 60 години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 април, 2021 17:45

2.500 вакцинирани во првиот ден од масовната имунизација

Фото/Текст извор: ©сител

Две и пол илјади граѓани ја примија првата доза Спутник на стартот на масовната имунизација во земјава. На располагање здравствените работници имаат 20 илјади од руската вакцина и доколку се продолжи со ова темпо, дозите ќе бидат употребени за 8 дена.

Но министерот уверува дека застој нема да има и најави навремена ревакцинација и пристигнување на втората пратка Спутник вакцини.

Согласно со тоа што навистина досега многу пати најавите не се остварија заради проблеми од страна на производителите, со недостаток на количини…имаме најави дека помеѓу 15 и 20 април треба да стигнат кинеските и фајзер вакцините од нашиот директен договор и од трипартитниот со Европа. ТОгаш кога ќе имаме конкретен датум ќе го соопштиме”, вели Филипче.

Македонските граѓани кои во Србија ја примија првата доза од Астра Зенека можеби ќе треба да се ревакцинираат со друг производител. Се ќе зависи од Европската агенција за лекови и нивниот став, дали да продолжи вакцинирањето со Астра Зенека кај помлади од 60 години.

„Утрово разговаравме со претставници на српското МЗ и ги очекуваме списоците. Граѓаните ќе можат тука да се ревакцинираат согласно со препораките. Германија даде препорака после првата Астра да се ревакцинира со друга вакцина. Но ние ќе се водиме според препораките на Европската агенција за лекови”, вели Филипче.

Досега се вакцинирани речиси 13 илјади граѓани и освен два случаи на колапс кои не се поврзуваат со вакцината, други несакани ефекти нема, а девојката која имаше тромбоза е добра и денеска оди на домашно лекување, информираше Филипче.

Додаде дека четири града во земјава моментално најтешко се справуваат со Ковид состојбата – Куманово, Битола, Кичево и Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...