Ќе ја врши функцијата премиер до избор на нова влада, иако е избран за пратеник

Објавил: Калина Мартинска | 28 мај, 2024 17:04

20 години државна функција: Талат Џафери од премиерското ќе се префрли во пратеничко столче

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Иако во Собранието му беше верификуван пратеничкиот мандат, Талат Џафери и натаму останува да извршува функцијата технички премиер заедно со останатите министри кои станаа пратеници се до избор на новата влада.

Највозрасната пратеничка Мерита Колчи Коџаџику кажа дека тоа се прави од причина за да се обезбеди континуитет во работата на Владата.

Џафери на собраниската говорница кажа дека претходниот парламетнарен состав не ја разрешил владата и поради тоа нема акт со кој би дошло до престанок на неговата функција, но поради Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси тој немало да земе учество во Парламентот како пратеник се додека не се формира новата влада.

-Да ја известам јавноста институциите како претседател на владата како премиер во составот на оваа влада ќе ги извршувам функциите кои произлегуваат од функцијата премиер и нема да земам учество во работата на собранието и врз на членот за борба против корупцијата против конфикт на функцијата зошто н еможам две функции да имам во исто време од таа причина до избнорот на новата влада нема да земам учество во работата на осбранието и одлучувањето на собранието, според законот за конфликт на интересот ,- Талат Џафери – Технички премиер.

Наспроти Џафери, пак, министерката за одбрана Славјанка Петровска во писмен одговор за Канал 5 најави дека ќе ја напушти функцијата министер за одбрана повикувајќи се на Уставот во кој пишува дека две јавни функции се нејспојчлеви.

Согласно член 89 од уставот функцијата пратеник е неспојлива со друга функција. Од денеска не го користам службеното возило и ќе одам денес или утре до минисетрството да се поздрав со колегите.

Засега останува нејасно што ќе се случува со функциите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министрите Илир Демири, Љупчо Николовски и Бисера Костадиновска Стојчевска кои се дел од актуелната влада во Собранието станаа дел од новиот парламетнарен состав. За разлика од толкувањето на Џафери и Коџаџику професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи реагираѓше дека Џафери не може да биде премиер ако му е верификуцан мандатот за пратеник и побара Уставниот суд да реагира на ова како што оценува грубо нарушување на уставот.

-Не може Талат Џафери сам да реши дека нема да ги врши работите на пратнеик, туку ќе ги врши работите на прамиер. Пишува Најчевска на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.