Добредојдовте на јубилејниот роденден на нашето заедничко семејство, Демократската унија за интеграција.

Објавил: Едмонд Бекири | 5 јуни, 2022 18:17

20-годишнината на ДУИ – Ахмети: Овој јубилеј е посветен на следните две децении, кој е подготвен нека се устрои зад мене

Фото/Текст извор: ©тв 21

Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. На овој настан, претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети во својот говор целосно го елаборираше успехот на ова дводецениско патување.

Во продолжение следува говорот на претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети:

Почитувани семејства на паднатите борци и ветерани, почитуван премиер Ковачевски, почитуван поранешен премиер Заев, претседатели на политички партии, министри, претседател на Собранието и пратеници, градоначалници, директори и функционери, почитувани амбасадори, медиуми, почитувани граѓани.

Високо почитувани членови на локалните партиски совети, ограноци, претседатели на ограноци, членови на генералниот совет на ДУИ, Форумот на жените и Форумот на младите.

Добредојдовте на јубилејниот роденден на нашето заедничко семејство, Демократската унија за интеграција.

Како денес, пред 20 години се соединија ослободители и слободољубиви, идеалисти и мисионери, миротворци и мирољубиви, интелектуалци и патриоти, се собраа да го основаат нашето заедничко семејство со здрави и стабилни темели, Демократската унија за интеграција.

На нашите две децении (постоење) вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини, затоа што имаат за што да се радуваат и слават.

Сите заедно им се радуваат на:

МИРОТ,

помирувањето,

спроведувањето на Охридскиот договор,

еднаквоста и правдата,

консензуалната демократија,

внатрешната, регионална и евро-американска интеграција

како и иднината, зелената агенда.

Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците.

По мирот и помирувањето, работевме за ЕДНАКВОСТ, која дојде преку националните симболи, службениот јазик, правичната и соодветна застапеност, територијалната поделба, универзитетот, и тоа не само Државниот универзитет во Тетово , туку и Универзитетот “Мајка Тереза“ како резултат на волја, помирување и одраз.

Еднаквоста се унапреди во КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА која беше постигната преку двојното мнозинство на Бадентер, консензуалното донесување на буџетот, одлучувањето во Владата и Собранието, спречувањето на мајоризацијата и маргинализацијата, афирмација на позитивната дискриминација, заедничките консензуални кандидатури за Претседател на државата, Претседател на Собранието и неодамна и за Премиер на нашата заедничка земја.

Овие чекори доведоа и до целосна ИНТЕГРАЦИЈА во државата, во општините, во владата, во собранието, во администрацијата, во полицијата од 170 полицајци на над 2.000, во армијата од 65 на над 2.000, во администрацијата од 2% до над 21%, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност.

Интеграцијата во земјава наметна и регионална интеграција преку нашата политика НУЛА ОТВОРЕНИ СПОРОВИ СО СОСЕДИТЕ и поставување на ЦРВЕНИ ЛИНИИ за нашата партија кои се:

Охридскиот Договор,

Договорот од Преспа,

Договорот за добрососедство.

Од овие црвени линии BРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА и кој сака да биде партнер со нас, мора да ги почитува овие принципи.

Овде сакам да го поздравам и признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, со која затвори уште еден важен спор за нашата земја.

Регионалната интеграција продолжува со ИНТЕГРАЦИЈАТА во ЕВРО-АМЕРИКАНСКИТЕ вредности и во ЕВРО-АТЛАНСКО здружување.

Денес сме членка на НАТО и имаме зелено светло за членство во Европската унија.

Затоа, во пресрет на отворањето на преговорите за членство во ЕУ, изборите не се решение и бојкотите го попречуваат ова патување.

Мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани.

Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.

Маргарет Мекмилан ќе истакне дека Првата светска војна е војната што стави крај на мирот, и јас велам дека нејзините последици сè уште  траат.

Пред некое време истакнав дека УКРАИНА не е далеку и некои се пошегуваа.

Денес целиот свет е во неизвесност, економијата е загрозена, животот е ранлив.

Гледајќи ги тажните сцени што ги остава војната, се чувствувам разочаран од неодговорноста на рускиот народ, на неиспровоцираните и неразумни руски злосторства и агресија во Украина.

Во тој контекст, денес велам и повторувам дека КОСОВО не е само билатерален проблем, туку е прашање на стабилност и безбедност, како и мир во регионот, во Европа и во заедницата на евроатлантските вредности. Тоа е невралгичната точка на иднината на Европа.

Затоа (велам) ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ меѓу Косово и Србија веднаш! – ОВА Е ЕДИНСТВЕНО МОЖНО И ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ!

Почитувани присутни,

Иднината е пред нас, иднината е ЗЕЛЕНА.

Откако постигнавме еднаквост и интеграција, не случајно пристапивме кон „Злената агенда“.

Зелената агенда е приоритет на целиот демократски свет затоа што значи квалитетен живот, чист воздух и чиста животна средина,  квалитетни училишта и болници, конкурентна економија, развој, напредок, модерна инфраструктура, култура, но и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал и напори за задржување на младите во татковината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...