Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирус врз работните места, објави денеска премиерот Џузепе Конте.


Објавил: Рејхан Бајрами | 3 јуни, 2020 21:08

20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИТАЛИЈА ОД ЕУ: Тоа е голема помош за нашата земја!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирус врз работните места, објави денеска премиерот Џузепе Конте.

Конте на прес-конференцијата рече дека Италија ќе има корист и од средствата што ги има Европската банка за инвестиции, во рамките на поширокиот пакет на ЕУ за подобрување на економското закрепнување на земјата, пренесува Ројтерс.

Италијанската агенција АНСА соопшти дека Конте исто така рече дека кризата со вирусот корона треба да се искористи за „редизајн на земјата“ и најави дека ќе бидат презентирани клучни структурни реформи.

Тој додаде дека податоците за вирусот корона се „охрабрувачки“ од 4 мај.

Од денес, граѓаните на Италија можат да се движат меѓу регионите, а Конте рече дека Италијанците заслужуваат среќа „после сите овие жртви“.

Вечерва, од полноќ, границите меѓу 20 региони се отворени, за движење на лица и стоки, нема повеќе ограничувања за движење во земјата, а слободната циркулација на стоки и луѓе се очекува меѓу земјите членки на Европската унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.