Двеста денари чини влезот и паркингот на популарниот охридски камп „Љубаништа“. Минатата година и години наназад, паркингот за цел ден чинеше 100 денари, а од оваа сезона е двојно поскап.
Тоа ги одврати дел од охриѓаните кои обично во недела одмараат на оваа плажа, но и туристите, па се паркираа на патот, близу до влезот, и одеа пеш до кампот.
Има и слободен паркинг пред рампата на кампот, но годинава е забрането паркирањето таму со цел што повеќе возила да влезат внатре и да платат по 200 денари. Овие цени ги налутија локалците и туристите кои пристигнува на плажата, и откако ќе видеа дека влезот поскапел, се враќаа назад и се паркираа под дрвјата на самиот пат.
На море во Грција, ниту еден паркинг на плажите не се наплаќа. За овие пари, две пива ќе се напијам. Ќе одам пешки, 200 денари не им давам“, искоментира еден скопјанец.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.