„На море во Грција, ниту еден паркинг на плажите не се наплаќа. За овие пари, две пива ќе се напијам. Ќе одам пешки, 200 денари не им давам“, искоментира еден скопјанец.

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2021 14:22

200 денари влез на плажа во Охрид, туристите лути: Ќе одам пеш, пари не им давам

Фото/Текст извор: ©женски магазин

Двеста денари чини влезот и паркингот на популарниот охридски камп „Љубаништа“. Минатата година и години наназад, паркингот за цел ден чинеше 100 денари, а од оваа сезона е двојно поскап.

Тоа ги одврати дел од охриѓаните кои обично во недела одмараат на оваа плажа, но и туристите, па се паркираа на патот, близу до влезот, и одеа пеш до кампот.

Има и слободен паркинг пред рампата на кампот, но годинава е забрането паркирањето таму со цел што повеќе возила да влезат внатре и да платат по 200 денари. Овие цени ги налутија локалците и туристите кои пристигнува на плажата, и откако ќе видеа дека влезот поскапел, се враќаа назад и се паркираа под дрвјата на самиот пат.

На море во Грција, ниту еден паркинг на плажите не се наплаќа. За овие пари, две пива ќе се напијам. Ќе одам пешки, 200 денари не им давам“, искоментира еден скопјанец. 

На самата плажа, од оваа сезона е комплетно реновиран и проширен кафе-ресторанот. Лежалка со гратис шише вода чини 150 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...