Со укинувањето на членот е создаден правен вакуум, при што се донесе заклучок дека е потребен нов Закон со кој ќе се дефинира јавниот интерес, заклучија членовите на Владата.

Објавил: Перо Милчин | 27 мај, 2021 8:22

200.000 картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролите на Владата на Република Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на вчерашната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 72-ра седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на медиумите и новинарите.

Портпаролите информираа за одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од Африканскиот континент и Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Република Индија.

На оваа седница Владата ја усвои измената на уредба со која се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година од 31 мај, на 30 јуни оваа година со цел да се овозможи сите земјоделски стопанства да аплицираат за финансиска поддршка. Воедно се прави измена и се намалува бројот на пчелни семејства од 15 пчелни семејства на 5 пчелни семејства за производители кои имаат ограничени услови на производство.

На прес-конференцијата владините портпароли информираа за Информацијата  изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а поврзана со изготвување на електронски картички за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.

Тие посочија дека Министерството за финансии е задолжено да префрли 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 така наречени М-Смарт Кард, а откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, ќе бидат вратени во државниот буџет. Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Република Северна Македонија преку граничниот премин „Табановце“.

На новинарско прашање за пресметките за бројот на картички портпаролот Арсовски посочи дека тие се направени преку анализи на поминати возила во претходните години, ако се земе предвид фактот дека минатата година поради пандемијата со КОВИД-19 границите речиси да беа цело време затворени.

Споредбата е направена од 2019 година во која имаше рекорден приход од наплата на патарина и во која транзитираа речиси рекордни бројки на возила со туристи. Така што, во однос на бројката оттаму е извлечена таа анализа и е дојдено до оваа бројка од 200.000 картички. Во однос на изработката за тоа е задолжено Јавното претпријатие за државни патишта“, нагласи Арсовски.

Воедно одговарајќи на новинарско прашање за пресметката колку ќе заштедат српските туристи тој информираше дека 760 денари ќе има на секоја од картичките колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија.

Портпаролите соопштија дека на вчерашната седница членовите на Владата ја разгледаа и усвоија Информацијата за основање на меѓуинституционална работна група заради унапредување на договорната соработка, во која членуваат претставници на органите на државната управа во Република Северна Македонија и од самостојните органи на државната управа кои што учествуваат во усогласување на меѓународни договори.

Владините портпароли посочија дека формирањето на оваа работна група има за цел да придонесе кон финализирање и склучување на меѓународните договори за кои е иницирана постапка за усогласување и унапредување на соработката на Република Северна Македонија во различни области.

Портпаролите информираа дека Владата ја разгледа и усвои Информацијата за раскинување на Договорот со друштвото „Инвока гроуп“,  ДООЕЛ.

Раскинувањето на договорот е поради неисполнување на обврските, а истовремено Владата го задолжи Генералниот секретаријат да спроведе постапка за избор на оператор за одржување на софтвер за полагање испити на државните институции.

На прес-конференцијата беше соопштено дека Владата дискутираше за Одлуката на Уставниот суд, кој на последната седница по иницијативата за оценување на уставноста, го укина членот 163 од Законот за банки, според кој Фондот за осигурување на депозити, кој е создаден за да се гарантира исплатата на штедните влогови до 30.000 евра, е прв што ги наплаќа побарувањата кога една банка ќе пропадне.

Со укинувањето на членот е создаден правен вакуум, при што се донесе заклучок дека е потребен нов Закон со кој ќе се дефинира јавниот интерес, заклучија членовите на Владата.

Портпаролот Хоџа одговарајќи на новинарско прашање посочи дека Министерството за финансии во рок од 15 дена ќе подготви измени и дополнувања на Законот за банки, со цел пополнување на правната празнина и обезбедување еднаква заштита на штедачите, согласно европските закони. Тој посочи дека Владата потоа ќе дебатира за предлогот на МФ и ќе бидат донесени заклучоците, а за истите јавноста ќе биде информирана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...