Затоа се проценува продажбата да се зголеми од моменталните 319.000 единици на околу 540.000 во следната година.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 19:41

2020 година ќе биде година на електричните автомобили

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Последните неколку години постои голема експанзија на електричните автомобили, но тие се уште се во рамки на „статистичка грешка“ кога е во прашање вкупната продажба.

Во текот на оваа година електромобилите сочинуваат 3,4 отсто од продажбата на возила, но аналитичарите очекуваат 2020. да биде година на електричните автомобили со пораст на продажбата на 5,5 проценти.

Весникот „Гардијан“ пишува дека експертите проценуваат оти купувачите во Европа следната година ќе имаат избор од дури 175 електрични модели, за разлика од моменталните околу 100.

Затоа се проценува продажбата да се зголеми од моменталните 319.000 единици на околу 540.000 во следната година.

Тој број во следните години ќе продолжи да расте, па до 2025 година се очекуваат повеќе од 330 различни електрични возила на Стариот континент.
Паралелно со тоа, се очекува кон средината на следната децинија продажбата на електрични возила да изнесува една петтина од вкупната продажба на автомобили во Европа.

За порастот на продажбата на електромобилите ќе придонесат новите, остри еколошки правила во ЕУ, кои драстично ќе ги казнуваат производителите на автомобили при евентуално надминување на границата на просечната емисија на штетни гасови од 95 грама по километар. За секој грам над тој лимит, производителите ќе плаќаат 95 евра за секој продаден автомобил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...