Мицкоски вели дека станува збор за одработување за Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 10:06

Мицкоски: Мијалков одработува и е во скутот на Заев, судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ Мицкоски  говорејќи за активностите на Сашо Мијалков кој деновиве јавного напаѓа Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека до него стигнуваат информации дека Мијалков повторно ќе влезе во ВМРО.

Тој човек е исклучен од партијата долго време, сега се обидува да направи нешто и мислам неуспешно ќе биде тоа. Иако до мене стигнуваат шпекулации како ќе влезел во партијата, но мислам дека сепак тоа е само во дел од шпекулациите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека станува збор за одработување за Заев.

-Следите дека судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, но мислам дека тоа се луѓе кои се во скутот на Заеви. Ако не соработуваа знаат како ќе завршат. Мијалков одработува и е во скутот на Заев со цел да се спаси од сомнежите за криминал против него, судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање, посочи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести