„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

Објавил: Стојче Бушин | 10 јануари, 2021 14:03

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 94 санкции за брзо возење во Битола и Прилеп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (09.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 94 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената,од кои 61 во Битола , а 33 во Прилеп, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Битола.

 „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.

Во вчерашната контрола санкционирани се и 29 лица што управувале возило без возачка дозвола, 22 управувале нерегистрирани возила, шест возачи возеле под дејство на алкохол, како и други прекршоци.

 „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје!

Посебен режим на сообраќај поради протест во Скопје! На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник)...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол!

105 санкционирани возачи во Скопје: 13 без возачка дозвола, 6 возеле под дејство на алкохол! Министерството...