Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

Објавил: Перо Милчин | 16 јануари, 2021 14:32

23 отсто помалку сообраќајни незгоди во декември, вчера 53 санкции за брзо возење во Кочани, 10 неисправни возила за јавен превоз

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (15.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани!

Санкционирани се 129 возачи, од кои 53 возеле со брзина поголема од дозволената, возење без возачка дозвола 8, возење под дејство на алкохол шест, нерегистрирани возила 17, а санкционирани се и 10 неисправни возила што вршат јавен превоз од вкупно 19 колку што се упатени на вонреден технички преглед, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Кочани.

Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.

Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди.

Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски. „Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАНИЕ: Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот...

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Силни врнежи од снег на Плетвар, воведена забрана за камиони

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни...