Денеска во 19 часот во Кинотека ќе биде отворено 23-тото издание Скопје филм фестивал.

Објавил: Стојче Бушин | 9 септември, 2020 12:32

23-ТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ НА ОТВОРЕНО ВО КИНОТЕКА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

 23-ТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ НА ОТВОРЕНО ВО КИНОТЕКА!

Денеска во 19 часот во Кинотека ќе биде отворено 23-тото издание Скопје филм фестивал. 

Скопје филм фестивал, за своето 23-то носи разновидна програма и содржини и ќе понуди повеќе од дваесет играни и документарни филмови поделени во три програми: Панорама на светски филм, Денови на квир кино и Ретроспективна програма на филмови од Федерико Фелини.

Програмите од 9 до 16 септември ќе се одржуваат на отворено во паркот на Кинотека со ограничен број седишта и со примена на сите мерки од протоколот за здравствена заштита. Сите проекции се бесплатни.

За време на фестивалот ќе може да се види и изложбата на минималистички постери за филмови на Фелини на светски познатиот графички дизајнер Зоран Кардула по повод 100 годишнината од раѓањето на Федерико Фелини.

Изложбата ќе биде поставена во галеријата на Кинотека на Македонија. Изложбата ќе биде отворена за времетраење на фестивалот, во галеријата ќе можат да влезат ограничен број на посетители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.