„Лицето со иницијали А.С е донесено околу 12.30 часот во Ургентниот хируршки центар, со 100% изгореници на површината на телото и во моментот е во критична состојба и е изложено на ризик за живот.

Објавил: Македонка Димкин | 14 декември, 2019 20:51

24-годишно момче од Тетово е во животна опасност по пожарот што избувнал во неговиот стан

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според АЛСАТ М едно 24-годишно момче од Тетово е во животна опасност и со изгоретини по целото тело, по пожарот што избувнал во неговиот стан на улицата Димо Гавровски во Тетово. Момчето живеело само во станот кој бил опожарен, а по пожарот веднаш бил однесен во Ургентниот центар во Скопје. Дванаесет други лица жители на зградата се здобиле со полесни повреди и се пренесени во тетовската Клиничка болница.

„Лицето со иницијали А.С е донесено околу 12.30 часот во Ургентниот хируршки центар, со 100% изгореници на површината на телото и во моментот е во критична состојба и е изложено на ризик за живот. Во моментот тој е во одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега“-велат од Ургентен центар, Скопје.

„Околу 11,45 минути ги примивме првите случаи. Првите симптоми беа знаци на паника кај пациенти, а не интернистички клинички знаци, за кој треба специфичен третман“-рече Вулнет Амети, доктор на тетовската болница.

Пожарникарите се сомневаат дека пожарот бил предизвикан од плинска боца, иако тоа не е потврдено во полицискиот извештај.

„Пожарот го зафатил станот на третиот кат. Бевме на обете страни на зградата, едниот тим работеше на локализирање на пожарот. Пожарот избувнал од плинска боца каде целиот стан со целиот мебел и апарати беше зафатен од пожарот. Успеавме да го лоцираме пожарот, но поважно беше да ги евакуираме жителите“-изјави Ука Алити, Тетовска противпожарна бригада.

Секторот за внатрешни работи во Тетово информираа дека надлежниот јавен обвинител заедно со полициски тим ја продолжуваат истрагата со цел да се открие причината за оваа несреќа.

Вјолца Алити

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме "шишето, бензинот и крпчето!

Кирацовски: Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент

Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него. Но,...

Оние работи што ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани кои имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во кои влегуваат ги користат тамошните пасоши.

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство,...

Пандемијата ги погоди речиси сите бизниси, но според членовите на Асоцијацијата, Владата различно ги третира државните и приватните установи за згрижување деца иако тие реализираат иста дејност и одговараат пред ист Закон.

Од приватните градинки алармираат дека ќе отпуштат 600 работници ако не добијат помош од државата

Стотици згрижувачки и друг персонал од приватните градинки ќе остане без работа, илјадници...