Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни анкети, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за барање гаранции дека нема да има друго вето со тоа што уставните измени ќе стапат на сила пред влегувањето во ЕУ има широка поддршка, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

- Какви било договори можат да се менуваат и дополнуваат, оттука не гледам причина зошто не би можел да се промени и овој договор со Бугарија, вели Андоновски и појаснува дека одговорот на предлогот на СДСМ веднаш да почнат уставни измени одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е може, под услов тие измени да важат по десетина години.

- Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија преговата за влез во ЕУ со Бугарија. Ние преговараме со ЕУ за влез во ЕУ и тоа преговараме на македонски јазик. Нам ни е битно уставните измени да се изгласаат сега за да може да се продолжи со вториот меѓувладин состанок со ЕУ, вели Миле Талевски од СДСМ.

Објавил: Перо Милчин | 8 јуни, 2023 6:42

24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции, СДСМ потенцира дека без уставни измени нема влез во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гласачите на СДСМ не ја поддржуваат политиката на СДСМ и тоа го покажуваат и независни анкети, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за барање гаранции дека нема да има друго вето со тоа што уставните измени ќе стапат на сила пред влегувањето во ЕУ има широка поддршка, велеше Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“.

– Какви било договори можат да се менуваат и дополнуваат, оттука не гледам причина зошто не би можел да се промени и овој договор со Бугарија, вели Андоновски и појаснува дека одговорот на предлогот на СДСМ веднаш да почнат уставни измени одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е може, под услов тие измени да важат по десетина години.

– Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека Македонија преговата за влез во ЕУ со Бугарија. Ние преговараме со ЕУ за влез во ЕУ и тоа преговараме на македонски јазик. Нам ни е битно уставните измени да се изгласаат сега за да може да се продолжи со вториот меѓувладин состанок со ЕУ, вели Миле Талевски од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.