Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Објавил: Весна Петровска | 19 јануари, 2020 12:20

26-годишниот Кристијан Ниновски го извади крстот од водите на Вардар

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар.

Тој посака многу здравје среќа на него и неговото семејство.

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.

Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Верниците сведочат за чудото што секоја година се случува во реката Јордан, а тоа е што по фрлањето на крстот и освестувањето на водата, реката почнува да тече во спротивен правец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести