На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди.

Објавил: Стојче Бушин | 27 мај, 2020 20:11

„27 април“ стигна пред Апелација: Одбраната вели тројца од судиите не смеат да одлучуваат по жалбите!

Фото/Текст извор: ©Алфа

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат да одлучуваат по жалбите на првостепено осудените за настаните од 27 април, смета одбраната, пишува Алфа!

Сепак, судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, сами си одбија да бидат изземени од овој случај. Одбраната вели тие веќе одлучувале по жалби за притвори, како и за амнестиите на дел од оние кои сега се жалат пред Апелација. Според адвокатот на Душко Лазаров, Звонко Давидовиќ судиите веќе имаат свој став за овој случај, поради што според законот не смеат да одлучуваат за жалбите.

-Во образложение на решенијата го третираат кривичното дело, значи тежина на кривичното дело, начинот на сторување, политичката мотивираност, се тоа понатаму, што покажува дека веќе имаат свој став и свое формирано мислење што е недозволиво пред да решат по жалбата. Истите судии одлучуваа и по барање за амнестија на определи лица, изјави Давидовиќ

На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди. Давидовиќ само кратко кажа дека неговиот клиент не може никако да одговора за дело тероризам.

-Правната квалификација не држи, затоа што не може да стане збор за тероризам. Ние имаме куп други луѓе, кои на исто место, во исто време, со исти дејствија, се судени за учество во толпа и други кривични дела, изјави Давидовиќ.

Лани на 15 март со првостепена пресуда вкупно 211 години затвор добија 16 лица. Најтешко помина поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ Митко Чавков, а ослободен беше само Игор Дурловски. Иако процесот почна со 33 обвинети, нивниот број се намали, откако од тогаш обвинетите добија амнестија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија.

ГЕРОСКИ: Дали Ден Дончев, со Зоран Милевски Кичеец како посредник, изрекетирал 824.000 евра од сопственичката на „Диамед“?

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава...

Захариева во врска со суловите под кпои Бугарија би ја поддржала Македонија вели дека бугарската страна е со интерес Скопје да ја признае историјата.

ЗАХАРИЕВА: Македонскиот јазик е на основа на западнобугарски дијалект со србизми!

Македонија да ја признае историјата, а ние да ја признаеме нивната реалност, вели шефицата...

Бидејќи нема социјална помош, најсиромашните наскоро ќе треба да ја прекинат својата изолација во потрага по работа, предизвикувајќи нов бран на зараза.

Најпознат светски економист изнесе шокантни предвидувања: Ќе се наежите од неговите предвидувања!

Том Пикети, еден од ангажираните светски економисти, автор на Капитал во 21 век, напиша...