Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина.

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2020 14:34

27-ГОДИШНИК ОД ЛИПКОВО ПОЧИНА ОД КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©сдк

27-годишен пациент од Липково починал утринава на Клиниката за инфективни болести во Скопје од компликации од ковид-19.

Од Центарот за јавно здравје во Куманово, велат дека денеска се известени за еден починат пациент од Липково и во тек е пронаоѓање на контактите на веќе починатиот, кој претходно бил хоспитализиран на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, а со тешка клиничка слика препратен на Клиника за инфективни и фебрилни состојби Скопје.

Момчето било донесено во Кумановската болница откако шест дена се лекувало дома, а четири дена бил под надзор на матичен лекар. Пациентот немал хронични заболувања освен покачена телесна тежина.

Денес изгубив вистински пријател, додека Липково загуби еден од нејзините најдобри синови, Ријад Мамутин 27 години“, објави на Фејсбук потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Страшна сообраќајна незгода се случи вечерва на Булеварот „Партизански одреди“, при што возило на Брза Помош од приватната болница „Неуромедика“, кое превезувало пациент, се судрило со друго возило „мерцедес“.

ФОТО: Страшна сообраќајка во Скопје, уништено возило на Брза Помош, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, има повредени! Страшна сообраќајна незгода се...

„Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија!

Кавадарци завиено во црно: Браќата кои растеа без мајка, починаа за три дена од Ковид-19!

За два дена, коронавирусот ги одзеде животите на двајца браќа од Кавадарци на возраст...