Оттаму дополнуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 декември, 2021 14:24

276 новозаразени и 10 починати лица од КОВИД-19 во последново деноноќие

Фото/Текст извор: ©магазин

Од Министерството за здравство информираа дека во последниве 24 часа се регистрирани 276 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 130 во Скопје, 35 во Битола, 17 во Прилеп, 14 во Охрид, 13 во Куманово, 10 во Штип и девет во Кавадарци.

Во Струмица се регистрирани 7 нови случаи од коронавирусот, шест во Крива Паланка, пет во Тетово, по четири во Свети Николе и Пробиштип, по три во Велес и Ресен, по два во Гевгелија, Неготино и Богданци, додека по еден нов случај е регистриран во Гостивар, Кичево, Струга, Радовип, Делчево и Македонски Брод.

Оттаму дополнуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица.

Две починати лица се од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице има во Свети Николе (68г), Кратово (88г) и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086“, велат од МЗ.

Направени се 2.720 тестирања во последните 24 часа, а досега во земјава се направени вкупно 1.484.645 тестирања.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...

Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп....