
Свет
Трагедија
Силен земјотрес синоќа ја погоди Бoсна и Херцеговина. Дел од жителите во паника излегоа од своите домови. Има и материјална штета, јавуваат медиумите!
Земјотресот бил почувствуван низ цела БиХ!Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ, а Елмира Сефо (28) починала откако била донесена од Столац во тешка состојба.
Ова од Кантоналната болница го потврди д-р Сафет Мујиќ за порталот Аваз.
Според извештаите, девојката била донесена во болница без пулс, притисок и практично без знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала во амбулантата или во болницата.
Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.
Евидентирани се помали штети во неколку згради, меѓу кои и самата амбуланта каде што се видливи пукнатини на ѕидовите. Директорот Рагуз рече и дека ситуацијата сега е смирена, а граѓаните повеќе не се јавуваат на броевите за итни случаи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.