30 годишен јубилеј од подвигот на Димитар Илиевски-Мурато

Објавил: Узунов Бобан | 10 мај, 2019 8:25

30 години јубилеј: Првиот Македонец кој стапна на врвот на светот и остана таму !

Фото/Текст извор: ©магазин

На 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри) и засекогаш влезе во македонската историја. 

Димитар Илиевски-Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а загинува на 10 мај 1989 година  на 35 годишна возраст на Хималаите на симнување од врвот Монт Еверест. Илиевски постхумно е одликуван во 2008 година со претседателскиот Медал за заслуги за Македонија.

Македонија никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време. 

Македонија! Мацедонија! Е,ееее Македонија – пееја, тогаш македонските планинари и неколку Шерпаси.

Како што е познато на 10 мај 1989 година Димитар Илиевски-Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот, развиори знаме, и дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата Земја, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите. 

Монт Еверест — според надморската височина на врвот е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина. Планината е висока отприлика 8.848 m, но постојат варијации во различните мерења што се имаат извршено.

Обиди за враќање на телото


Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и МОК со цел да се симне телото на Диме од планината и согласно со непалските закони телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, и урната со пепелта да се донесе во Македонија и да се постави во музеј соба направена за овој македонски великан. Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти. Експедицијата не се реализира заради настанати административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Но, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело.


Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб- ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарскиот марш, овој пат јубилеен, 30-ти по ред, кој од Битола ќе води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер. Според востановената традиција, токму на местото „Димев врв“ еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а група планинари ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“. 

Сопругата Елпида и синовите Јонче и Сашо на прием кај градоначалничката на Битола Наташа Петровска, предложија да се обнови спомен-плочата која се наоѓа на нивната куќа и во која израснал Димитар Илиевски Мурато. Исто така, во Заводот и музеј да се постави дел во кој ќе бидат изложени предмети, кои семејството ги поседува, а му припаѓале на Мурато.

-Годинава планинарскиот марш ќе биде најмасовен и пријавени се околу 2.000 планинари од нашата држава и странство, како и претставници на дипломатскиот кор како што се амбасадорот Жбогар, холандскиот амбасадор, претставници на ОБСЕ и други. Учесниците од првата група ќе се движат од Ниже Поле преку Дебел Рид до Големо Езеро, а потоа од Големо Езеро, преку Мало Езеро и Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер. Утре, на врвот Пелистер, првата група планинари ќе се здружи со втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа со врвот Пелистер, истакна планинарот Петар Нолев.

Во пресрет на планинарскиот марш, синоќа во битолската „Магаза“, планинарите приредија јубилејна изложба на која се поместени фотографии од историскиот настан од пред 30 години, а низ планинарски муабети потсетија дека Димитар Илиевски-Мурато освен Еверест на Хималаите се искачувал и на највисоките врвови во Европа, Јужна Америка и во Азија, односно врвот Чококилки-6.400 метри, Уаскаран 6.680 метри и други.

Како што е познато за подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за „Великан на спортот“, а добитник е и на други награди и признанија. Општина Битола во чест на својот истакнат граѓанин пред неколку години во централното градско подрачје именува улица со името на Димитар Илиевски-Мурато.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Широка е лепезата на ветувањата. Се ветува многу, реформи, подобар стандард, посилна економија, враќање на средната класа, повторно е актуелно добивањето датум за преговори, ветувања За подобра Македонија, подобра иднина на младите, поголеми плати и пензии, но ШТО НАВИСТИНА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ОД ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ? е клучното прашање во моментот.

АНАЛИЗА: Што ќе донесат предвремените избори за граѓаните?

По “Не” добивање на датумот за преговори, следеше одлуката за предвремените парламентарни...

На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата.

Најави ли Хан дека Македонија ќе преговара 30 години?

Најави ли еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека Македонија ќе преговара...

Ангеловска која во министерското столче дојде од приватниот сектор, во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017.

300.000 евра во банки и две канцеларии – ова е имотот кој Нина Групер го пријавила во анкетен лист!

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Нина Ангеловска,...

На 21 август 2019 година Катица Јанева била приведена и однесена во Кривичниот суд.

ЈАНЕВА: „Се заколнав на чесност како јавен обвинител, јас ќе ги почитувам законите во Република Македонија„

54-годишната екс обвинителка Катица Јанева, пред 4 години донесе преголема надеж во...