Изречени се и седум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), и 42 мерки за непрописно паркирање.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 февруари, 2021 18:45

320 санкционирани возачи во Скопје: 63 за брзо возење, 10 за возење под дејство на алкохол

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои 63 за непочитување на брзина на движење,12 санкции за возење без возачка дозвола, 10 за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон.

Изречени се и седум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), и 42 мерки за непрописно паркирање. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Зголемен број корисници на јавен превоз значи намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните бидејќи брзиот автобуски превоз со ефикасни горива доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, емисиите на честички и нивото на бучава.

ГРАД СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ – БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на капиталниот проект за брз автобуски...

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на...

Спасовски истакна дека за овие три и пол години се реконструирани 54 објекти, додека во моментов интензивно се работи на реконструкција и санација на четири објекти, и тоа: Секторот за внатрешни работи Куманово, Полициската станица Ресен, Полициското одделение Ростуше во Општина Маврово – Ростуше и Војничкиот клуб во Касарна Илинден за потребите на Специјалната антитерористичка единица – Тигар.

Спасовски: Реконструирано полициското одделение во Дојран, продолжуваме со подобрување на условите за работа на полицијата

„Со оваа работна посета имаме за цел непосредно да се увериме во она што за нас е од...