Македонија
Вести
Честа е огромна да се одбележи создавањето на партијата која со своето постоење се вгради во создавањето на независна Република Македонија и над 30 години е сопатник низ сите премрежја, искушенија и големи радости, таги и прослави на нашата татковина, рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на одбележувањето на 34 роденден на партијата и 131 година ВМРО.
„На денешен ден пред точно 34 години се создаде ВМРО-ДПМНЕ кој не беше само природен порив на македонскиот народ за автентично политичко организирање во зората на распаѓањето на Југославија и потребата за осамостојување на Македонија, туку ВМРО-ДПМНЕ беше и природен порив на многу македонски семејства кои страдаа, беа подложни на прогон во комунистичкиот режим, но секогаш сонуваа и се бореа за своја независна држава, на тој начин сочувувајќи го огнот на историското ВМРО за своја држава, за слобода, за свои институции, знаме химна, банкноти, за татковина која е вистински дом, или со други зборови, конечно, по столетната битка, да се биде свој на своето.
ВМРО-ДПМНЕ е концепирано како сублимат на таа битка за слобода и верување во идејата за Македонија. Затоа сите наши расправи, дебати и размена на ставови низ историјата биле толку бурни исполнети со јавни дебати, емоции и верувања.
ВМРО-ДПМНЕ имала и свои блескави моменти, и моменти на сериозни искушенија но никогаш во минатото, сега или во иднината не смее и нема да се случи да отстапи од идејата за Македонија.
Да не заборавиме и на времето кога постоеше стремежот на македонскиот народ во минатиот систем за своја партија. И не е сеедно, или неважно, и никако не смее да се става под тепих или да се забораваат позициите и идеолошките разлики меѓу македонската левица која во тоа време се уште сонуваше за распадната Југославија и бараше продолжување на сојузот на држави за кои беше јасно дека е клинички мртов, и македонската десница претставена и организирана од ВМРО-ДПМНЕ која бараше самостојност и чиста независност. 17 јуни е датумот кога ВМРО-ДПМНЕ го почна обновениот живот и на историското ВМРО како прирореден наследник на идеалите кои оваа организација веќе точно 131 година ги носи од нејзиното основање во 1893-тата година“ порача Мицкоски.
Како што рече, денес од Велес, изразува длабока почит и голем поклон кон сите кои страдале и биле репресирани поради јасните чуства и патриотската определба да се сака и да се борат за Македонија. Нивните наследници и потомци треба да знаат дека ја имаат мојата почит и признанието од ВМРО-ДПМНЕ за влогот и жртвата која нивните блиски ја направија за идејата од која се роди Македонија, рече Мицскоски.
„Затоа нашето име е Внатрешна Македонска Револуционерна Организација Демократска Партија за Македонско Национално Единство која во себе го носи поривот на народот за слобода, независност и силна држава Македонија. Во историски контекст мисијата која ја носи ВМР0-ДПМНЕ е и помирување и обезбедување на единство на сите различи групи и страни со цел да се постигне единство, но тоа никогаш не значи и заборавање на ударите кои беа дадени од левицата кон супстратот на македонското ткиво за своја држава, тие голи отоци, прислушкувања, следења, досијеа, жигосувања и брутална пресметка со македонската интелигенција каква што никогаш десницата не се однесувала така неодговорно кон нашите национални и државни интереси и никогаш не посегнала кон разградување на идентитетскиот код. Воедно ВМРО-ДПМНЕ беше активната страна која учествуваше во создавањето на Републиката. Тоа се десетици, стотици илјадници имиња и презимиња. Мудри глави, искрени и чесни патриоти кои поминаа низ нашите структури и учествуваа во првиот парламент, во првата влада, во сите наредни состави и активно работеа во живеењето на македонската држава“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски го честиташе партискиот роденден на сите членови.
„И тука пред вас, до секој еден член кому партијата искрено му е дом и му значи многу можам да кажам – среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!!!!
Нека е вечна идејата и каузата, уште многу години борба и посветеност за Македонија.
ВМРО е завет. Завет на многу генерации пред нас кои со својот крвопис го испишаа заедно најславните страници од нашата историја. Плејада мажи и жени кои со својата борба покажаа дека нема ништо посвето од слободата која денес ја имаме и за која мора да се бориме да ја задржиме. Но ВМРО е борба за иднина. Иднина каква заслужува овој народ и каква мораме да ја имаме.
Во изминатите години многумина удираа врз самодовербата на народот. Многумина и сакаа тој да падне во духот и се однесува незаинтересирано. Но Македонија се крева. Доаѓа силата која носи промени и која Македонија ќе ја врати во рацете на нејзиниот најголем и единствен сопственик, тоа е народот.
ВМРО-ДПМНЕ уште многу години ќе пркоси на сите предизвици кои ги носат оние на кои им смета нашиот развој и иднина и силна Македонија. Не заборавајте ВМРО постои за Македонија тоа се сопатници низ времето, најверниот чувар на сонот, заветот и слободата на Македонија.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да се радуваме уште многу години!
Да живее нашата Македонија! “ порача мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Настани
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.