Македонија
Вести
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишник поради продолжено извршување на – Тешки дела против општата сигурност предвидено според член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Постои основано сомнение дека осомничениот на 2 декември, во раните утрински часови, со умисла извршил повеќе поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело и со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот, при што настапила поголема имотна штета.
Откако претходно во пластични шишиња набавил бензин од бензинска пумпа во Куманово, тој намерно предизвикал пожари на неколку локации во Куманово, каде запалил три патнички моторни возила и еден објект – фотокопирница која се наоѓа во состав на станбена зграда.
Три коли запалени во Куманово, сопствениците се поврзуваат со ДУИ
Мотивите за извршување на делото се испитуваат, но исклучено е дека повод била меѓуетничка нетрпеливост. Доказите до овој момент не укажуваат на инволвираност и на други лица.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Претходно МВР соопшти дека го пронашла лицето Ф.А. во околината на Битпазар.
Полицијата приведе 35 годишен кумановец кој е осомничен за опожарување на автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. МВР соопшти дека уапсениот го сомничи за повеќе кривични дела.
На 2 декември опожарил три патнички моторни возила, меѓу кои и она на обвинителот, како и и фотокопирница, сопственост на советникот од ДУИ во општина куманово, Фитор Јакупи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.