Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.

Објавил: Перо Милчин | 12 март, 2022 8:05

35.000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории.

Со новиот пакет 26 мерки, Владата понуди издржани решенија со цел ублажување на последиците. За поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.  

Пакетот мерки кои се однесуваат на заштитата на животниот стандард на граѓаните, економската стабилност и ликвидноста на компаниите, произлезе од Економскиот совет во кој учествуваа, претставници од академијата, стопанските комори, поголемите компании од земјава, синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Во таа насока 35.000 граѓани од најранливите категории ќе добијат субвенции односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци, за купување на основните производи за исхрана. 

Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна финансиска помош за околу 330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај.

Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50% и 50% растот на просечната плата, ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието. 

Ова е историско и рекордно зголемување – пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, по завршувањето на финансискиот пакет од по 1.000 денари, а со воведувањето на новата методологија од септември па натаму, секој месец ќе имаат просечно по 900 денари плус на својата сметка.

Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...

Зголемување на платата во нето-износ, според ДЗС, најмногу се должи на растот забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1%), административни и помошни услужни дејности (21,7%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8%).

Во однос на март, зголемување има во финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2%) и административни и помошни услужни дејности (12,5%).

ПЛАТИТЕ ВО АПРИЛ СО ПРОСЕК ОД 36.134 ДЕНАРИ

Просечната плата исплатена во април е во нето-износ од 36.134 денари или 587 евра. Бруто-просекот...

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Нето платата во октомври 33.104 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува...