
Живот
Земјотрес
Земјотрес со јачина од 3,8 степени по рихтер вечерва е регистриран во Грција.
Земјотресот со послаб интензитет е почувствуван во Македонија.
Епицентарот на земјотерсот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри.
Од првиот земјотрес со јачина од 5,6 степени кој се случи синоќа во 22,43 часот на пет километри северозападно од Лерин во Грција, до вчера на утро беа регистрирани, а дел и почувствувани во Битола, 24 земјотреси.
Двата посилни потреси вчера на утро битолчани ги почувствуваа во 7,28 и 8,01 часот. Едниот со епицентар на седум километри од Лерин и јачина од 3,6 степени, а другиот нешто послаб на девет километри од Аминдео, исто така во Грција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.