Бесир Беља и Скендер Демири, се осудени за кривично дело убиство кое го извршија на 29 јуни 2018 година кога смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 11:37

38 години затвор за убијците на Саздо- еден се уште на слобода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Кривичниот суд во Скопје им изрече затворска казна од 19 години на убијците на Никола Саздовски- Саздо.

Бесир Беља и Скендер Демири, се осудени за кривично дело убиство кое го извршија на 29 јуни 2018 година кога смртно го повредија дваесетгодишниот Никола Саздовски.

Судот одлучи дека се виновни зошто заеднички и на свиреп начин го лишиле од живот младиот Саздовски, а пресудена им е вкупна затворска казна од 38 години.

Кривичниот Суд одлучи дополнително, обвинетите да исплатат по 1.200.000 денари (19.500 евра) на родителите и на братот на убиениот Никола.

На двајца од тројцата сторители судот им одреди казна затвор, но третоосомничениот сè уште е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана домашна и меѓународна потерница.

Никола имаше 20 години и беше страсвен навивач и член на навивачката група Комити

За потсетување, обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири заедно со уште едно лице на 29 јуни околу 17.45 часот на бул. Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид, му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако тој им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите, при што нанеле смртоносни повреди на Никола.

Никола се здобил со тешки телесни повреди и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување каде на 9 јули почина, а лекарите констатирале мозочна смрт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести