Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето потенцира дека денешното одбележување на 13 Март има своја исклучителна посебеност од две причини.

Објавил: Сара Фемина | 13 март, 2021 12:04

40 години од формирањето на Специјалната aнтитерористичка eдиница – Тигар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

 „Денеска Специјалната aнтитерористичка eдиница, позната како „Тигар“, одбележува 40 години од своето постоење.Тоа е сериозна годишнина достојна за прослава со сите највисоки почести бидејќи Специјалната антитерористичка единица денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и  криминалот.

Синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните“, рече претседателот на Владата Зоран Заев во обраќањето денеска на одбележувањето на 40 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица на МВР.

Како членка на НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Северна Македонија со својот адаптиран воено-безбедносен систем според стандардите на НАТО, свое значајно место има и Специјалната Антитерористичка Единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини.

Борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а оваа единица е еден од гарантите на овој приоритет. Секој припадник на оваа единица е апсолутно свесен какви ознаки носи на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно високи и специфични вештини и етика.Убеден сум дека реорганизираната и модернизирана Специјална антитерористичка единица – Тигар ќе го продолжи трасираниот четириесет годишен пат на високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба, која заедно со сите останати сегменти на нашиот безбедносен систем е гарант за мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на државата“, рече претседателот на Владата Зоран Заев.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето потенцира дека денешното одбележување на 13 Март има своја исклучителна посебеност од две причини.

Првата е дека денес одбележуваме еден многу значаен јубилеј, а тоа е четири децениско постоење на единицата; и втората, фактот дека како резултат на нашите заеднички реформски напори за сеопфатно техничко, материјално, професионално и организациско унапредување на министерството за внатрешни работи и негово вредносно стандардизирање согласно критериумите на НАТО и ЕУ, ја промовираме единицата во Специјална антитерористичка единица – Тигар, назив што сосема соодветствува со новата структурно-концепциска надградба на оваа полициска организациона единица.

Тоа пак, без никаква дилема, може да го оцениме како логичен епилог на еден системски, динамичен, професионален четириесетгодишен раст и развој на единицата, во кој што бројни генерации нејзини припадници, без оглед на турбулентноста на времињата, оставија силен и неизбришлив печат во создавањето на богатото и успешно професионално портфолио исполнето со бројни ангажмани, со самопрегор, со жртви, во името на примарната и основна полициска задача – заштитата и безбедност на сите граѓани, но и на мирот и општествениот поредок на нашата држава.И, секако, тоа е епилог и од нашите заеднички неколкугодишни напори преку конкретни активности и инвестирање во драстично подобрување на материјално-техничките, професионални и организациски капацитети на единицата, да ја сообразиме – како со потребите на министерството, така и кон потребите и предизвиците на новите околности и трендови што влијаат врз егзистирањето и развојот на модерните демократски општества во Европа и во светот“, рече министерот Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....