Од Државната изборна комисија велат дека со овие уреди нема да се зголеми времетраењето на гласачкиот процес.

Објавил: admin@magazin | 6 октомври, 2021 17:18

4000 ТЕРМИНАЛИ ЗА БИОМЕТРИСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ГЛАСАЧИТЕ – ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија ги презентираше уредите за биометриска идентификација на гласачите и дадоа објаснување за тоа на кој начин ќе може да се гласа на престојните локални ибори, пренесе 24.мк!

Сите гласачи на престојните локални избори за првпат својот отпечаток од прст, скенирање на лична карта или матичен број ќе го направат преку биометриските уреди за идентификација, кои ќе ги прикажат информациите за секој гласач поединечно на даденото гласачко место.

Од Државната изборна комисија велат дека со овие уреди нема да се зголеми времетраењето на гласачкиот процес.

Од ДИК објаснуваат дека се пристигнати поголемиот дел од уредите, а останатите од вкупно 4.000 терминали ќе пристигнат до крајот на неделата. На денот на изборите се очекува да има околу двесте ИТ инжинери кои ќе им помагаат на луѓето што управуваат со опремата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.